Превземи

Чист воздух за Битола: локални решенија за праведна енергетска транзиција

Публикацијата „Праведна енергетска транзиција на локално ниво – пристапен и достапен еколошки јавен превоз“, подготвена заедно со Прогрес Институтот за социјална демократија, ја анализира состојбата со загадувањето на воздухот во Општина Битола и поширокиот Пелагониски регион. Документот нуди конкретни решенија за намалување на емисиите преку енергетска ефикасност, модернизација на транспортот и воведување на зелени технологии

Клучни наоди и препораки:

  • Битола меѓу најзагадените градови во Македонија, со постојано надминување на дозволените вредности на PM10 и PM2.5 честички.
  • РЕК Битола е најголем извор на загадување, но и клучен столб на националната енергетска стабилност. Транзицијата кон гасна централа и фотоволтаични електрани е неопходна и мора да биде социјално праведна.
  • Локалниот сообраќај и старите возила дополнително придонесуваат за загадувањето – потребни се хибридни и електрични автобуси, катни гаражи и денови без автомобили.
  • Регионалната депонија во Пелагонија мора да ги исполнува европските стандарди и да се следи од независни експерти.
  • Препораки:
    • Развивање на локални планови за чист воздух и вклучување на граѓаните во процесот на креирање политики.
    • Инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
    • Континуиран мониторинг и транспарентност на податоците за загадувањето.
    • Едукација и јавни кампањи за намалување на отпадот и заштита на воздухот.

Документот повикува на итна, но праведна транзиција – еколошки и енергетски напредок кој нема да ги загрози работните места и социјалната стабилност. Битола може да стане симбол на зелената обнова, каде правото на чист воздух ќе биде реалност, а не привилегија.