Менталното здравје на младите не смее да стане тема дури кога проблемот ќе прерасне во криза. Публикацијата укажува на потребата од достапен и интегриран систем на превенција, рано препознавање и психолошка поддршка, со посебен фокус на училиштата, регионалната достапност на услугите и намалувањето на стигмата. Предложениот пристап ги поврзува здравството, образованието, социјалната заштита и самите млади.
Публикацијата е изработена од Цветанче Тодоровски, Ема Мицевска и Ангела Ристова, со менторска поддршка на Санела Шкријељ, која придонесе во развојот на анализата и формулирањето на системските препораки за подобра грижа за менталното здравје на младите.
Публикацијата произлезе од Политичката академија за социјална демократија, со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска, Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје и Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.
Контакт