Едукацијата и тренингот претставуваат основен дел од мисијата на Прогрес Институтот за Социјална Демократија. Преку нашите програми, создаваме можности за личен и професионален развој на млади лидери, активисти и носители на одлуки, со цел да придонесеме кон изградба на инклузивно и одговорно општество.

Што нудиме?

  • Образовни програми: Академии, школи и тренинзи за градење капацитети на поединци и организации;
  • Работилници и обуки: Фокус на лидерство, застапување, развој на јавни политики и демократија;
  • Интерактивен пристап: Учиме преку практични вежби, симулации и дискусии кои ги поттикнуваат критичкото размислување и граѓанската одговорност.

Клучни проекти:

  • Летен камп за млади социјалдемократи
  • Политичка Академија за социјална демократија
  • Школа за Женски активизам
  • Школа за животна средина
  • Менторска програма за млади социјалдемократи

Фокус на вредности и компетенции

Нашите програми се насочени кон развој на:

  • Лидерски вештини;
  • Познавање на демократијата, социјалните и економските права;
  • Подобрување на јавниот настап и застапување за јавни политики;
  • Поттикнување на социјална правда, еднаквост и одржлив развој.

Зошто е важна едукацијата?

Веруваме дека едукацијата е клуч за зајакнување на демократијата, градење на инклузивни општества и развивање на прогресивни идеи кои ги подобруваат животите на сите граѓани.

Преку нашите едукативни програми, поддржани од локални и меѓународни партнери, создаваме генерации млади лидери кои се способни да направат значајни промени во своите заедници и пошироко.