Новата анализа подготвена со Прогрес Институтот за социјална демократија „Поддршка и унапредување на сервисите и услугите за жртвите на родово базирано насилство во Вардарскиот регион“ открива дека недостигот од интегрирани, достапни и координирани услуги претставува клучна пречка за ефективна заштита на жртвите. Документот нуди конкретни препораки за изградба на систем што обезбедува достоинствена, безбедна и навремена поддршка за сите жртви во регионот.
Клучни наоди и препораки:
- Потребна е регионална мрежа на координирани услуги за брза и интегрирана поддршка на жртвите.
- Да се воспостави платформа за меѓусекторска соработка и мониторинг меѓу институциите и граѓанските организации.
- Да се обезбеди стабилно и долгорочно финансирање преку државни и меѓународни фондови.
- Да се вложи во континуирана едукација и обука на кадарот во здравството, полицијата и социјалните служби.
- Да се развијат јавни кампањи за подигнување на свеста и намалување на стигмата поврзана со родово насилство.
Публикацијата ја нагласува потребата од системски и хуман пристап во борбата против родово базираното насилство, кој обединува институции, општини и граѓани во заедничка мисија за безбедни и еднакви заедници.
Контакт