Публикацијата „Од отпад до ресурс: Локален модел за циркуларна економија“, подготвена заедно со Прогрес Институтот за социјална демократија, ја претставува општина Демир Капија како пилот-пример за воведување на циркуларна економија во земјоделството. Документот анализира како отпадното дрво од лозјата и овоштарниците, кое најчесто се согорува и загадува, може да стане енергетски ресурс и основа за нови зелени работни места, преку создавање на системски и одржлив локален план
Клучни наоди и препораки:
- Создавање локален план за циркуларна економија – стратегиски документ кој ги дефинира институционалните, финансиските и инфраструктурните механизми за управување со отпадното дрво.
- Формирање локален совет и координативно тело за следење и реализација на мерките.
- Јавно-приватни партнерства и социјални претпријатија – за обработка на биомаса и развој на зелени производи и енергија.
- Едукативни и пилот-програми за земјоделците, младите и локалните заедници за користење на отпадот како ресурс.
- Регионална соработка меѓу Демир Капија, Неготино и Кавадарци за развој на заедничка инфраструктура и аплицирање за ЕУ фондови.
Оваа јавна политика покажува дека и руралните средини можат да ја предводат зелената транзиција ако отпадот се третира како можност, а не како проблем. Демир Капија има потенцијал да стане првата општина во Тиквешкиот регион со целосен модел за циркуларна економија, што ќе послужи како пример за поширока национална примена.
Контакт