Превземи

Институциите не можат да очекуваат доверба од младите доколку младите остануваат надвор од процесите преку кои тие функционираат и одлучуваат. Публикацијата предлага структурирана, платена и менторирана програма за студентско практикантство во јавниот сектор како начин младите да стекнат практично искуство, подобро да ги разберат институциите и директно да учествуваат во нивната работа, а јавната администрација да инвестира во нова генерација професионалци.

Публикацијата е изработена од Мила Маринковиќ, Илина Димитријевска, Филип Илиевски и Един Рамчиловиќ, со менторска поддршка на Александра Филипова, која придонесе во развојот на концептот и конкретниот модел за платено студентско практикантство во јавниот сектор.

Публикацијата произлезе од Политичката академија за социјална демократија, со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска, Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје и Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.