Публикацијата „Ми треба дом, повеќе од кров над глава“ анализира еден од најголемите социјални предизвици со кои се соочуваат младите во Северна Македонија – пристапот до достапно и безбедно домување. Документот покажува дека растечките цени на становите, високите каматни стапки и недоволните јавни политики го отежнуваат осамостојувањето на младите, што директно влијае врз нивниот личен и професионален развој.
Клучни наоди и препораки:
-
72% од младите на возраст од 25–29 години живеат со родителите, што укажува на сериозни пречки за осамостојување.
-
Цените на становите значително растат, додека пазарот на недвижнини сè повеќе се користи како инвестиција, а не како простор за домување.
-
Потребна е системска државна политика за домување, вклучително и следење на цените и регулирање на пазарот на изнајмување.
-
Пренамена на празни и неискористени објекти и нивно користење како пристапни станови за млади.
-
Субвенционирани кирии и ограничување на краткорочни изнајмувања како AirBnB, со цел да се зголеми достапноста на станови за живеење.
Документот нагласува дека домувањето е основно човеково право и предуслов за економска и социјална стабилност на младите. Со стратешки пристап, државата може да создаде политики што ќе овозможат сигурен и достапен дом за младите и ќе придонесат за поодржлив развој на општеството.
Контакт