Превземи

Млади техничари без можности: потребна нова политика за вработување

Публикацијата „Мерки за вработување и самовработување на младите со завршено средно техничко образование“, подготвена заедно со Прогрес Институтот за социјална демократија, ја анализира состојбата со младинската невработеност во Северна Македонија и ефикасноста на мерките што треба да ја намалат. И покрај бројните програми, младите техничари остануваат меѓу најранливите групи – поради недоволна усогласеност на образовниот систем со потребите на пазарот на труд и слаба промоција на постојните мерки

Клучни наоди и препораки:

  • Мерките често не се доволно таргетирани, па младите техничари остануваат надвор од програмите на АВРСМ.
  • Нема доволна информираност – младите ретко добиваат информации за можностите за обуки, грантови и самовработување.
  • Потребна е поголема вклученост на приватниот сектор и образовните институции во креирањето на програмите.
  • Институционалниот капацитет е ограничен, особено во делот на мониторинг и транспарентност.
  • Препораки: воспоставување систем за редовна евалуација, таргетирани мерки за техничките профили, и локализирана промоција на младинските програми.

Документот укажува дека младите техничари се клучен, но запоставен ресурс за економскиот раст. За да се искористи нивниот потенцијал, потребно е системско редизајнирање на мерките, поврзување на образованието и бизнисот, и создавање политики што навистина одговараат на реалните потреби на младите на пазарот на труд.