Контакт

Студиска посета на студенти и професори од Универзитетот во Амстердам

Галерија

Денес, во организација на Прогрес – Институт за социјална демократија, група студенти и професори од Универзитетот во Амстердам остварија студиска посета на Собранието на Република Северна Македонија.

Посетата е дел од историската студиска тура „The Grand Tour“, во која учествуваат 29 студенти и 3 универзитетски професори. Групата во изминатиот семестар ја изучувала историјата, културата и политиката на Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, а во рамки на тринеделната регионална посета се среќава со институции, политички претставници, експерти и организации.

Во составот на групата има студенти од различни академски области, меѓу кои историја, европски студии, историја на уметност, античка историја и еколошки хуманистички науки. Нивниот интерес беше насочен кон актуелната политичка состојба во Северна Македонија, улогата на Собранието, демократските процеси, европската интеграција и можностите за понатамошна академска и институционална соработка.

Во рамки на посетата, студентите и професорите остварија средба со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски како и кратка средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Пред средбите беше организирана и кратка посета низ Собранието, преку која гостите имаа можност одблиску да се запознаат со работата и функционирањето на законодавниот дом.

Прогрес – Институт за социјална демократија продолжува да поддржува иницијативи кои овозможуваат меѓународна размена, академска соработка и подобро разбирање на политичките и општествените процеси во Северна Македонија и регионот.