Во рамки на Локалниот проект, викендов во Скопје се реализираа повеќе активности насочени кон размена на искуства, политичка дискусија и планирање на идните активности.
Во петок се одржа дискусија посветена на актуелната политичка состојба во Северна Македонија и Шведска. Учесниците имаа можност да разменат мислења и информации за тековните политички процеси, предизвиците со кои се соочуваат двете земји, како и можностите за понатамошна соработка и развој на заеднички иницијативи.
Во продолжение беше реализирана работна сесија за генерирање идеи и планирање на идните активности за 2026 година. Во рамки на сесијата беа разгледани различни предлози за проекти, настани и активности, како и можностите за нивна реализација. Координаторите активно придонесоа со свои идеи, препораки и предлози за унапредување на идните програми и активности во рамки на Локалниот проект.
Во сабота, координаторите на Локалниот проект присуствуваа на Скопската иницијатива, која се одржа во рамки на 2026 Korčula High Level Political School под наслов „Mobilising for the Future – Western Balkan Progressives“. Настанот обедини претставници на социјалдемократски и прогресивни партии, фондации и партнери од регионот и Европа, со цел да се поттикне регионална соработка, размена на искуства и заеднички пристап кон демократските, европските и развојните предизвици на Западен Балкан. Во рамки на програмата се разговараше за регионалните политички процеси, новите геополитички динамики, европската интеграција и улогата на прогресивните сили во зајакнување на демократијата и отпорноста на институциите.
Во недела, координаторите беа гости на 32. Конгрес на СДСМ, каде имаа можност одблиску да проследат значаен политички настан и дополнително да се запознаат со процесите на политичко организирање, програмска дебата и демократско одлучување.
Овој работен викенд претставуваше важна можност за продлабочување на соработката, размена на знаења и искуства, како и за заедничко планирање на идните чекори во рамки на Локалниот проект.
*Локалниот проект е поддржан од нашите партнери, Интернационалниот Центар Олоф Палме од Шведска.
Контакт