Контакт

Да ја сочуваме демократијата: Регионална конференција за предизвиците од десничарскиот популизам

Галерија

Популизмот како предизвик за демократијата

Во рамки на дискусиите беше истакнато дека десничарскиот популизам сè повеќе го обликува политичкиот пејзаж, придонесувајќи за продлабочување на општествените поделби и ерозија на демократските вредности. Национализмот, дезинформациите и надворешните влијанија беа посочени како клучни фактори што го поттикнуваат овој тренд.

Посебен акцент беше ставен на улогата на социјалните медиуми во ширењето на дезинформации и влијанието врз јавното мислење, при што беше нагласена потребата од зајакнување на медиумската писменост и критичкото размислување.

Социјалдемократски одговор

Учесниците ја потенцираа важноста на социјалдемократскиот пристап како ефикасен одговор на популистичките наративи. Беше истакнато дека инклузивните политики и активното вклучување на младите, жените и маргинализираните заедници се клучни за зајакнување на демократските процеси.

Клучни препораки

Како заклучок од конференцијата, беа издвоени неколку приоритетни насоки за дејствување:

  • Зајакнување на институциите со цел обезбедување правда и еднаквост за сите граѓани
  • Поттикнување на поголемо учество на младите во општествените и политичките процеси
  • Поддршка на медиумската писменост и едукација за препознавање на дезинформации

Конференцијата испрати јасна порака дека заштитата на демократијата бара координирана и долгорочна соработка помеѓу институциите, политичките партии и граѓанскиот сектор.

Прогрес Институтот за социјална демократија и Фондацијата Калеви Сорса остануваат посветени на унапредување на демократските вредности и справување со современите предизвици со кои се соочуваат демократските општества.