Вториот модул од Школата за женски активизам беше посветен на родово одговорното буџетирање и развојот на сервиси на локално ниво за справување со родово базирано насилство.
Во текот на модулот, учесниците имаа можност да се запознаат со основните принципи на родово одговорното буџетирање и со начинот на кој јавните политики и распределбата на финансиските средства можат директно да влијаат врз унапредувањето на еднаквоста меѓу жените и мажите.
Преку дискусија и практична работа, беше отворено прашањето како локалните буџети можат да служат како алатка за препознавање на постојните нееднаквости во заедниците, но и како механизам за креирање поконкретни и подостапни услуги за жените и граѓаните.
Посебен фокус беше ставен на улогата на локалните самоуправи во превенцијата и справувањето со родово базираното насилство, како и на потребата од развој на сервиси кои одговараат на реалните потреби на локалните заедници.
Контакт