Превземи

Пристапно домување – предуслов за достоинствен живот на младите

Публикацијата „Животен стандард и услови за домување на младите во Куманово и Крива Паланка“, подготвена заедно со Прогрес Институтот за социјална демократија, открива дека младите во Североисточниот регион се соочуваат со сериозни предизвици при обезбедување достапно и квалитетно домување. Високата невработеност, скапите кирији и недостигот од социјални станови го намалуваат животниот стандард и ја зголемуваат миграцијата

Документот предлага конкретни решенија за создавање стабилна, инклузивна и одржлива средина за младите.

Клучни наоди и препораки:

  • Развивање социјални програми за домување со субвенционирани кирији и поддршка при купување на прв дом.
  • Инвестиции во инфраструктура и енергетска ефикасност за намалување на трошоците и подобрување на квалитетот на живот.
  • Фондови за млади и микрокредити за сопствено домување или реновирање.
  • Регулирање на пазарот на недвижности со воведување праг на закуп и продажни цени.
  • Алтернативни модели на домување како колективни заедници и еко-села за младинска соработка и одржливост.

Пристапното домување не е само економско, туку и социјално прашање – предуслов за еднаквост, стабилност и достоинствен живот. Преку иновативни програми и младинско учество, Куманово и Крива Паланка можат да станат пример за одржлив развој и задржување на младите.