Членството во НАТО носи безбедност, но економските придобивки не доаѓаат автоматски. Публикацијата анализира како Северна Македонија може поактивно да го искористи членството во НАТО и партнерството со ЕУ преку развој на домашната одбранбена индустрија, привлекување инвестиции, вклучување на македонските компании во европските и трансатлантските синџири на снабдување и инвестиции во критична инфраструктура.
Публикацијата е изработена од Дориса Земон, Или Пачуку и Леона Каталиниќ, со менторска поддршка на Дане Талески, кој придонесе во развојот на анализата и поврзувањето на безбедносната, европската и економската димензија на предложените политики.
Публикацијата произлезе од Политичката академија за социјална демократија, со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска, Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје и Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.
Контакт