Граѓаните сакаат да учествуваат во донесувањето одлуки, но многумина не веруваат дека нивниот глас навистина има влијание. Публикацијата ја отвора потребата локалната демократија да се движи од формално консултирање кон суштинско учество, поголема транспарентност, повратна информација и нови делиберативни и дигитални механизми преку кои граѓаните ќе станат активни чинители во креирањето локални политики.
Публикацијата е изработена од Ема Спасовска, Мила Гичева, Никола Илиев и Симон Јаковлев Писин, со менторска поддршка на Ненад Марковиќ, кој придонесе во концептуализацијата на анализата и развојот на препораките за унапредување на локалната демократија.
Публикацијата произлезе од Политичката академија за социјална демократија, со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска, Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје и Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.
Контакт