Превземи

Дали секое дете во Северна Македонија навистина има еднаква шанса за успех? Публикацијата ја анализира нееднаквоста на можностите со која ќе се соочи генерацијата Алфа и посочува дека индивидуалниот труд не е доволен без системски промени во образованието, пазарот на труд и домувањето. Целта е секое дете да добие фер почеток, независно од семејниот доход, местото на живеење или социјалното потекло.

Публикацијата е изработена од Борјан Георгиевски, Марко Јаневски и Милот Селими, со менторска поддршка на Драган Тевдовски, кој придонесе во развојот на анализата, економските аргументи и предложените решенија.

Публикацијата произлезе од Политичката академија за социјална демократија, со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска, Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје и Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.