На вчерашната средба заедно со Фондацијата Friedrich-Ebert канцеларија во Скопје, ја започнавме обновата на Алумни мрежата на Политичката академија за социјална демократија.
Среќни сме што учесници од сите 15 генерации на Академијата се приклучија за заедничка размена на идеи и искуства.
Што следува?
Во наредниот период ја интензивираме соработката со членовите на Алумни мрежата. Со променет пристап и активна поддршка, заедно ќе придонесеме кон прогресивна иднина преку активно граѓанско учество.
Зошто е важна социјалната демократија?
Социјалната демократија не учи за основните принципи на демократијата, правата и обврските на поединците и функцијата на институциите. Таа создава поцврсти и поинклузивни општества каде што секој има можност за учество и напредок.
Се повикуваат сите Алумни членови:
Ако сте биле дел од нашите програми, академии и тренинзи во изминатите 17 години, придружете ни се и станете дел од оваа обновена мрежа. Пополнете го формуларот тука:
➡️ ФОРМУЛАР
Заедно создаваме промени и градиме иднина заснована на социјалдемократските вредности.
Контакт


