Во соработка со Социјалдемократската партија на Данска (СДП Данска), Прогрес Институтот распишува ОГЛАС за учесници во рамките на менторска програма за развој и застапување на јавни политики.

Цел на програмата:
Програмата има за цел зајакнување на капацитетите на младите за креирање и застапување на јавни политики во рамките на партијата.

Што нуди програмата?

  • Индивидуални и групни менторски сесии;
  • Обуки за стекнување на знаења и вештини за креирање на документи за јавни политики;
  • Обуки за застапување на креираните јавни политики.

Области на менторирање:
Менторите ќе ги водат учесниците во процесот на развој и застапување на јавни политики во следниве области:
Заштита на животната средина
Социоекономска положба на младите
Родова еднаквост
Дигитализација
Образование

Услови за учество:

  • Членство во Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ);
  • Интерес за стекнување знаења и вештини за креирање и застапување на јавни политики;
  • Интерес за една од наведените области;
  • Мотивација за активно учество во програмата во текот на целата 2025 година и понатамошна активност во развој и застапување на јавни политики.

Како да аплицирате?

➡️ Рок за аплицирање: До 17 јануари 2025 година
➡️ Потребни документи:

  1. Кратка биографија (CV) со податоци за контакт и професионални постигнувања;
  2. Мотивациско писмо со објаснување на интересот за учество, претходното искуство во областа и очекувањата од програмата.

Известување: Избраните учесници ќе бидат известени по електронска пошта до крајот на јануари 2025 година.

ℹ️ Повеќе информации:

Бидете дел од оваа уникатна можност за личен и професионален развој!