Во рамки на Локалниот проект, започнуваме консултативен процес со граѓаните за да ги идентификуваме најважните локални приоритети – безбедни улици, чиста и здрава животна средина, младински и културни содржини.

Целта на овој прашалник е преку директно учество на граѓаните да се изградат конкретни, изводливи решенија кои ќе ја зголемат довербата помеѓу општината и жителите.

Вашиот одговор е првиот и најважен чекор во овој процес. Со пополнување на прашалникот, давате директен придонес кон креирање подобри услови за живот во нашите заедници.

👉 Пополнете го прашалникот тука: Линк до прашалникот

Локалниот проект е проект кој ги слуша луѓето и ги претвора нивните идеи во реални резултати.