Контакт

Успешно реализиран првиот модул од Школата за женски активизам во Струмица

Галерија

Во рамки на модулот, учесничките имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да отворат важни дискусии поврзани со родовата еднаквост и процесот на креирање политики на локално ниво. Преку интерактивна работа и размена на искуства, тие ги зајакнаа своите капацитети за активно учество во јавниот и политичкиот живот.

Школата за женски активизам има за цел да придонесе кон јакнење на улогата на жените во општеството, преку едукација, вмрежување и поттикнување на заедничко дејствување.

Овој модул претставува почеток на еден поширок процес на зајакнување и поврзување на учесничките, кој ќе продолжи и во наредните модули од програмата.