Контакт

Политичката Академија за социјална демократија XVI

Галерија

Интерактивни работилници за лидерство и тимска работа

Со работилниците предводени од претседателот на Здружението Рубикон, Владимир Караев, учесниците ја истражуваа улогата на лидерот:

„Лидер е оној кој поттикнува и создава други лидери, мотивира и инспирира. Само преку тимска работа, почитување на различни мислења и преземање одговорност може да се направат позитивни промени,“ истакна Караев.

Социјалдемократија – вредности и политики

Професорот Александар Спасов одржа инспиративно предавање за основните вредности на социјалдемократијата – слобода, еднаквост и солидарност:

„Еднаквоста значи еднакво право на сите да учествуваат со сопствените животи и да влијаат на општеството. Младите се заинтересирани за политика, но на поинаков начин од традиционалниот.“

Музика и политика

Музиката и политиката беа истражувани како уникатен спој на уметност и моќ. Учесниците дискутираа за тоа како уметноста крши правила, спојува луѓе и ја движи демократијата. Родова еднаквост и младински прашања Обучувачката Ива Михајловска ја нагласи важноста на образовни политики за зајакнување на жените и младите:

„Колку повеќе сме опкружени со поразлични групи на граѓани, толку поубав развој можеме да очекуваме.“

Зелена агенда и социјална политика

Едукаторката Билјана Дуковска зборуваше за праведна транзиција и даночна правда:

„Најбогатите и најмоќните, како и тие кои најмногу загадуваат, треба да плаќаат. Даночната правда мора да биде клучен столб на праведната транзиција.“

Политичката Академија е организација на Прогрес Институтот, поддржана од Kalevi Sorsa -säätiö и Olof Palmes Internationella Center.