Следни чекори
Во наредниот период ќе следува интензивирање на соработката со членовите на Алумни мрежата. Преку нов пристап и активна поддршка, целта е зајакнување на заедницата и поттикнување на поголемо граѓанско учество во процесите на донесување одлуки.
Значењето на социјалната демократија
Социјалната демократија претставува основа за разбирање на демократските вредности, правата и обврските на граѓаните, како и улогата на институциите. Таа придонесува кон создавање поинклузивни и праведни општества, во кои секој има еднакви можности за учество и развој.
Повик до Алумни членовите
Ги повикуваме сите поранешни учесници во програмите, академиите и тренинзите на Прогрес Институт во изминатите 17 години да се приклучат кон обновената Алумни мрежа.
Заинтересираните можат да се пријават преку следниот линк:
➡️ ФОРМУЛАР
Заедно продолжуваме да создаваме позитивни општествени промени и да градиме иднина заснована на социјалдемократските вредности.
Контакт