Контакт

Започна 16-тата Политичка академија за социјална демократија

Галерија

Едукација и интерактивен пристап

Преку комбинација од предавања, практични вежби и групна работа, учесниците се запознаа со клучни политички концепти и нивната примена. Програмата опфати:

  • Политички теории и идеологии (проф. д-р Ненад Марковиќ)
  • Основи и вредности на социјалдемократијата (Бојан Маричиќ)
  • Практична примена на политики преку интерактивни методи (Владо Караев, Рубикон)
  • Анализа и креирање решенија за реални општествени предизвици

Посебен акцент беше ставен на групната работа, при што учесниците идентификуваа општествени проблеми и предлагаа конкретни мерки засновани на принципите на еднаквост, правда и солидарност.

Размена на идеи и идни предизвици

Модулот заврши со презентации и дискусии, насочени кон идните предизвици на социјалдемократските движења, како во национален, така и во европски контекст.

Политичката академија продолжува да претставува значајна платформа за едукација, критичко размислување и активно вклучување на младите во процесите на создавање поправедно и поинклузивно општество.