Едукација и практична работа
Програмата беше отворена со поздравни обраќања од Марко Михаилоски (Прогрес Институт) и Даниела Колева (Форум на жени на СДСМ), кои ја нагласија важноста на активното учество на жените во политичките и општествените процеси.
Преку интерактивни сесии под водство на експертките Санела Шкријељ и Ирена Цветковиќ, учесничките анализираа конкретни родови предизвици во своите заедници – во областите на економија, здравство, образование, социјална заштита и инфраструктура. Воедно, тие работеа на развивање идеи и решенија за нивно надминување.
Клучни теми на модулот
- Основи на социјалдемократијата и родовата еднаквост
- Процес на креирање јавни политики
- Анализа на родови предизвици на локално ниво
- Улога на женскиот активизам во градење инклузивно општество
Модулот заврши со отворена дискусија и размена на искуства, при што учесничките ги дефинираа следните чекори за своето понатамошно ангажирање.
Школата за женски активизам продолжува со следните модули, насочени кон унапредување на вештините за застапување, јавно говорење и креирање политики што одговараат на потребите на жените на локално и национално ниво.
Контакт