Најголемиот патриотизам е кога жените активно се вклучени во општествените процеси.
Школата за женски активизам ја истакна важноста на вклученоста на жените во политиката, бидејќи нивното учество носи инклузивни и одржливи решенија за сите граѓани.
Родовата еднаквост ја зајакнува демократијата и економската стабилност.
Социјалдемократијата вложува во жените, создавајќи пофер и праведно општество каде што сите имаат еднакви можности да донесуваат одлуки и да влијаат врз иднината на заедницата.
Модулот беше отворен од поранешните пратенички на СДСМ Санела Шкријељ и Белкиса Зекири, како и од менаџерката на програми во Фридрих Еберт Фондацијата (ФЕС) – Скопје, Нита Старова.
Во текот на сесиите, жените говорници истакнаа:
- Важноста на родовата еднаквост за посилна демократија и економија;
- Потребата жените и девојките да бидат погласни и поприсутни во политичките процеси;
- Успехот на социјалдемократските влади во носење на значајни државнички одлуки како влезот во ОН, НАТО и пристапните преговори со ЕУ.
На вториот ден од модулот, говорници беа пратениците Даниела Николова и Оливер Спасовски.
Тие дискутираа за придонесот на жените во политиката, како и за напредокот кој го носи социјалдемократскиот пристап во однос на економскиот статус на жените, маргинализираните групи и лицата со попреченост.
Модулот беше затворен со едукација за родовата еднаквост од страна на поранешната пратеничка Снежана Калеска Ванчева.
Таа ја нагласи важноста секоја политика да се гледа низ призмата на родовата еднаквост и потсети на значајните достигнувања на социјалдемократските влади, како што е усвојувањето на Истанбулската конвенција и воведувањето на квоти за застапеност на жените на изборните листи.
Школата за женски активизам останува посветена на едукација и зајакнување на жените, промовирајќи општество со поголема демократија, помалку корупција и зајакната економија.
Контакт