Економија во служба на граѓаните
Фокусот на модулот беше ставен на економски политики кои обезбедуваат социјална сигурност и намалување на нееднаквостите. Преку предавања, дискусии и групна работа, учесниците анализираа како да се изгради праведен економски систем кој ќе обезбеди еднакви можности за сите.
Експертката Санела Шкријељ ја истакна улогата на социјалната заштита како темел на праведно општество, нагласувајќи дека вложувањето во луѓето е клучно за долгорочен развој.
Проф. д-р Ванчо Узунов говореше за потребата од економски раст придружен со политики што го намалуваат социјалниот јаз, потенцирајќи дека економијата треба да обезбеди достоинствени услови за живот за сите граѓани.
Модулот беше заокружен со излагање на проф. д-р Драган Тевдовски, кој ја нагласи важноста на даночните политики и прогресивното оданочување како механизам за постигнување поголема социјална правда.
Градење нова генерација лидери
Овој модул уште еднаш ја потврди поврзаноста помеѓу економијата и социјалната правда, како и значењето на социјалдемократските политики во справувањето со современите предизвици.
Политичката академија продолжува да биде платформа за развој на млади лидери кои се подготвени активно да придонесуваат кон изградба на поправедно и поинклузивно општество.
Програмата се реализира со поддршка на Фондацијата Калеви Сорса од Финска и Фондацијата Фридрих Еберт канцеларија Скопје.
Контакт