Алумни групата на Политичката академија за социјална демократија имаше извонредна студиска посета во Брисел, каде што учесниците се запознаа со клучните европски институции и организации кои ја промовираат демократијата, прогресивните политики и социјалната правда.
Посета на НАТО и историско признание за Северна Македонија
Учесниците го посетија седиштето на НАТО, каде што беше истакнат историскиот момент со назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО – огромно признание за нашата држава.
Благодарност до амбасадорот Дане Талески за плодната дискусија за улогата на НАТО и значењето на нашето членство.
Посета на Европскиот парламент
Алумнистите ја имаа честа да го посетат Европскиот парламент и кабинетот на европратеникот Ееро Хеинавуома од Финска.
Во дискусиите беа истакнати улогата на Парламентот во поттикнување на демократијата, формирањето на буџетот на ЕУ и претставувањето на интересите на европските граѓани.
Средба со Фондацијата за Европски Прогресивни Студии (FEPS)
Алумнистите имаа продуктивна работна средба во FEPS, каде што се запознаа со методите за изработка на релевантни политички истражувања и стратегии за влијание врз политиките.
Благодарност до Аниа Скрижепек, Елена Гил, и Кејтлин Редер за гостопримството и квалитетната едукација.
Промоција на книгата „Climate Progress in the EU and the World“
Групата присуствуваше на промоцијата на книгата организирана од FEPS, каде што беа презентирани клучните чекори во борбата против климатските промени во ЕУ и глобално.
Средба со Фондацијата Фридрих Еберт (FES)
Посетата беше заокружена со работна средба со Марко Шварц, офицер за политики во FES.
Темата на дискусијата беше влијанието на Комисијата врз проширувањето на ЕУ, со акцент на социјалните, економските и работничките права.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон унапредување на демократското лидерство и градење мостови за соработка на европско ниво.
Студиската посета беше реализирана со поддршка од Olof Palmes Internationella Center.
Контакт