Контакт

Трет модул од ШЖА 2026 посветен на локалната самоуправа и буџетските процеси

Галерија

На 9 и 10 мај во Хотел Дрим, Струга се одржа третиот модул од „Школата за женски активизам 2026“, посветен на практичните аспекти од функционирањето на локалната самоуправа, работата на советите и буџетските процеси.

Во текот на модулот, учесниците имаа можност преку практични сесии, вежби и дискусии да се запознаат со законската и подзаконската регулатива, улогата и начинот на работа на Советот, како и со процесите на планирање, разгледување и усвојување на локалните буџети.

Посебен фокус беше ставен на симулација на седница на Совет, преку која учесниците работеа на практична примена на стекнатото знаење и развивање на вештини за аргументирано, активно и информирано учество во процесите на носење одлуки.

Обуката ја водеше Љубица Јанчева, поранешна претседавачка со Советот на Град Скопје, која преку своето практично искуство ги доближи предизвиците, процедурите и можностите за влијание во локалната самоуправа.

Преку овој модул, Школата продолжи да ги зајакнува капацитетите на учесничките и учесниците за поактивно учество во локалните процеси и за застапување политики кои придонесуваат кон поголема родова еднаквост и поинклузивно локално управување.