Успешно заврши првиот модул од Политичката академија за социјална демократија 2026, организирана од Прогрес – Институт за социјална демократија во партнерство со ФЕС Скопје и Kalevi Sorsa Foundation од Финска. Во текот на трите дена, учесниците имаа можност да бидат дел од предавања, дискусии и практична работа посветени на актуелните политички предизвици, европскиот контекст и улогата на социјалдемократијата во креирањето политики и решенија.
Програмата отвори важни прашања за иднината на Европа, позицијата на Северна Македонија во променливиот политички контекст, како и за потребата од јасни, вредносно засновани и прогресивни политички одговори. Посебна вредност на модулот беше активното учество на учесниците, кои со голем интерес, посветеност и вклученост придонесоа во сите сесии и дискусии.
Првиот модул постави силна основа за понатамошната работа на Академијата и потврди дека постои генерација млади луѓе подготвени да учат, да дебатираат и активно да се вклучат во обликувањето на прогресивни политики и демократски процеси.
Контакт