Контакт

Средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски

Галерија

Размена на искуства и визии

Пендаровски ја сподели својата перспектива за значењето на политичката едукација, институционалната стабилност и европската перспектива на земјата, нагласувајќи ја важноста од активно учество на младите во демократските процеси.

Средбата придонесе за размена на искуства и идеи, со посебен фокус на зајакнување на капацитетите на новите генерации политички лидери.

Прогрес Институтот изразува благодарност за отвореноста и поддршката што поранешниот претседател ја покажува кон младите, како и за неговата подготвеност да придонесе во нивниот развој преку вакви дијалози и едукативни средби.