Контакт

Завршен модул на 15-та Политичка академија за социјална демократија

Галерија

Комуникација и медиумски настап

Во рамки на програмата, новинарот и тренер Огнен Јанески одржа сесија за креирање политички изјави. Беше потенцирано дека квалитетен јавен настап бара темелна подготовка, дури и кога станува збор за кратка, едноминутна изјава. По интензивната обука, учесниците успешно изработија сопствени медиумски изјави на актуелни општествени теми.

Јавно застапување и аргументација

Модулот продолжи со сесија на политикологот Тоше Зафиров, кој се фокусираше на јавно застапување, дебатни техники и аргументирање. Беше истакнато дека успешното застапување бара информираност, стратегија и способност за ангажирање на целната публика преку јасни и релевантни пораки.

И покрај краткиот прекин на електрична енергија, учесниците останаа активно вклучени, поставувајќи прашања и демонстрирајќи висок интерес за темите.

Со овој модул се заокружи уште еден циклус на Политичката академија, кој придонесе кон развој на нова генерација млади лидери со унапредени знаења и вештини.

Политичката академија за социјална демократија продолжува да претставува платформа за политичка едукација и зајакнување на демократските капацитети во општеството.