Со задоволство ве информираме дека повторно ја организираме Школата за животна средина, наменета за млади луѓе на возраст од 18 до 35 години кои сакаат да се стекнат со нови знаења и да се активираат во справувањето со локалните и глобалните еколошки предизвици.
Преку два модули, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со темите на климатски промени, одржлив развој, праведна транзиција, енергетска сиромаштија и развој на јавни политики, како и да развијат практични вештини за застапување и креирање решенија на локално ниво.

Детали за програмата

  • Прв модул: 26–28 септември 2025 година

  • Втор модул: текот на ноември 2025 година

  • Меѓу двата модули, учесниците ќе работат по групи на креирање на иновативни решенија за конкретни еколошки проблеми.

  • По завршувањето, сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена Школа.

Право на учество

Право на аплицирање имаат сите заинтересирани млади кои досега не учествувале на оваа школа. Трошоците поврзани со учеството се целосно покриени од страна на организаторите.

Пријавување

Рокот за пријавување е 5 септември 2025 година.
👉 Линк за пријава 

Не ја пропуштај шансата да станеш дел од новата генерација млади лидери кои ја градат одржливата иднина!