Во рамките на проектот „Прогрес и Мостови III“, KSF и Прогрес Институтот за социјална демократија со задоволство го објавуваат воспоставувањето на Програмата за грантови за тинк-тенкови.
Програмата за грантови за Тинк-Тенк организации претставува ново поглавје во нашата заложба за поддршка на регионалната соработка и иницијативите кои се занимаваат со заедничките предизвици на граѓанските организации во Западен Балкан. Преку оваа програма, организациите од регионот се поканети да аплицираат за мали грантови за поддршка на заеднички проекти кои промовираат демократски вредности и практики, заштита и промоција на човековите права, како и прашања поврзани со еколошката одржливост. Преку прекугранична соработка, организациите можат да ги зајакнат своите капацитети за влијание врз процесите на креирање политики и да поттикнат позитивни промени во регионот.
Веруваме дека Тинк-Тенк организациите играат клучна улога како посредници помеѓу политиката и граѓанското општество. Преку Програмата за грантови, се стремиме да ги подготвиме да се вклучат во иницијативи кои имаат влијание врз најгорливите социјални, политички и еколошки прашања со кои се соочува Западен Балкан денес.
Севкупната цел на Програмата за грантови за е да се создаде платформа со низок праг, преку која локалните актери можат заеднички да придонесат за градење отпорни демократии, унапредување на човековите права и промоција на еколошката одржливост во целиот регион.
Затоа, ги покануваме организациите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да учествуваат во оваа програма и да ги придонесат своите идеи и експертиза во колективниот напор за градење подемократска и поодржлива иднина за регионот.
Од 2024 до 2026 година, Програмата за грантови за тинк-тенкови годишно обезбедува три различни грантови во износ од 5000 евра за три различни проекти. Повикот за предлог-проекти се отвора на почетокот на секоја година, а избраните проекти треба да бидат завршени до крајот на истата година. Затоа, проектите се еднократни и треба да бидат соодветно планирани.
| Launch of the application period | 2 January 2025 |
| Deadline for applications | 28 February 2025 |
| Notification of award | By 15 March 2025 |
| Contract signature | By end of March 2025 |
| Start of the implementation period | 1 April 2025 |
| End of the implementing period | 15 November 2025 |
| Reporting to Progres done | 30 November 2025 |
| *Please note the dates are indicative and subject to change. | |
Симни ги потребните документи:
Контакт