Истражувањето и развојот на политики се клучен столб на работата на Прогрес Институтот за Социјална Демократија. Ние сме посветени на креирање на иновативни и ефективни решенија за современите општествени и политички предизвици преку длабински анализи и препораки.
Нашиот пристап е насочен кон:
- Изработка на истражувања кои нудат јасна слика за состојбите во општеството;
- Развивање на препораки за јавни политики кои промовираат социјална правда, еднаквост и одржлив развој;
- Поттикнување на дијалог помеѓу сите релевантни засегнати страни, вклучувајќи ги граѓанскиот сектор, институциите и политичките партии.
Области на истражување:
Нашата работа е фокусирана на прашања од јавен интерес, како што се економска и социјална еднаквост, млади и политичко учество, родова еднаквост, демократија и владеење на правото, како и климатска правда.
Со примена на највисоките стандарди во истражувањето и соработка со локални и меѓународни експерти, Прогрес Институтот обезбедува релевантни и практични решенија за изградба на поправедно и поодржливо општество.
Контакт