Контакт

Успешно заврши Политичката академија за социјална демократија 2026

Галерија

Денес, во Лабораториум во Скопје, се одржа завршната церемонија на Политичката академија за социјална демократија 2026, во организација на Прогрес институтот за социјална демократија, со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска, Олоф Палме Интернационалниот Центар од Шведска како и нашите партнери Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје.

Годинешната Академија обедини 24 млади учесници, организирани во шест тематски групи. Преку три едукативни модули и повеќемесечна работа со своите ментори, учесниците истражуваа конкретни општествени предизвици и подготвија шест документи за јавни политики.

Документите опфатија теми од следните области:

  • социјална и економска правда;
  • животна средина и климатска правда;
  • Европа и меѓународна политика;
  • демократија, владеење на правото и добро управување;
  • еднаквост и вклученост;
  • младинска политика и граѓанско учество.

На завршната церемонија, учесниците ги презентираа своите анализи, препораки и предлог-решенија пред присутните гости, ментори и алумнисти на Академијата. По презентациите, им беа доделени сертификати за успешно завршување на Политичката академија за социјална демократија.

Церемонијата претставува завршување на едукативниот процес, но и почеток на следната фаза – застапување на подготвените препораки пред јавноста, институциите и носителите на одлуки. Целта е стекнатото знаење да се претвори во конкретни иницијативи и политики засновани врз вредностите на слободата, еднаквоста, солидарноста и социјалната правда.

Прогрес институтот им честита на сите учесници и им се заблагодарува на менторите, предавачите, партнерите и алумнистите кои придонесоа за успешното спроведување на Академијата.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од завршната церемонија.