По успешно реализираните први две генерации, Школата повторно ќе обедини млади луѓе кои сакаат да стекнат нови знаења, да развијат практични вештини и активно да придонесуваат во справувањето со локалните и глобалните еколошки предизвици.
За програмата
Преку два модули, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со теми поврзани со:
• климатските промени;
• одржливиот развој;
• праведната транзиција;
• енергетската сиромаштија;
• развојот на јавни политики;
• застапувањето и креирањето решенија на локално ниво.
Програмата ќе комбинира теоретско знаење, интерактивни предавања, практични вежби и групна работа. Меѓу двата модули, учесниците ќе работат во групи на креирање иновативни решенија за конкретни еколошки проблеми.
Термини
• Прв модул: 25-27 септември 2026 година;
• Втор модул: во текот на ноември 2026 година.
По успешно завршување на Школата, сите учесници ќе добијат сертификат.
Право на учество
Право на аплицирање имаат сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 18 до 35 години кои досега не учествувале во Школата за животна средина.
Трошоците поврзани со учеството во програмата се целосно покриени од организаторите.
Пријавување и избор
Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската пријава најдоцна до 28 август 2026 година:
https://forms.gle/gx5fyxx87qs999hJ7
Избраните кандидати ќе бидат известени по е-пошта, на адресата наведена во пријавата, најдоцна до 14 септември 2026 година.
Не ја пропуштајте можноста да станете дел од третата генерација млади лидери кои преку знаење, соработка и конкретни решенија ја градат одржливата иднина!
Контакт