Прогрес – Институт за социјална демократија, заедно со Фондацијата Калеви Сорса од Финска и Фондацијата Фридрих Еберт со Канцеларија во Скопје, објавува јавен повик за учество во Политичката академија за социјална демократија 2026, едукативна програма наменета за млади луѓе кои сакаат да ги продлабочат своите знаења за социјалдемократските вредности, јавните политики и современите политички предизвици.
Академијата има за цел да создаде нова генерација млади професионалци кои ќе придонесуваат кон развојот на прогресивни политики и демократско општество, преку практична работа, менторство и изработка на конкретни предлози за јавни политики. По завршување на програмата ќе бидат избрани 24 учесници, поделени во шест тематски области, кои ќе работат на развој на политики и нивно понатамошно застапување.
Што нуди Академијата?
-
Длабинско запознавање со социјалдемократската мисла, историја и современи политики
-
Практична работа на креирање јавни политики
-
Работа во тематски групи со експерти
-
Меѓународен модул со интензивна работа и студиска програма
-
Можност за промоција и застапување на развиените политики
Тематски области
Учесниците ќе работат во една од следните области:
-
Социјална и економска правда
-
Животна средина и климатска правда
-
Европа и меѓународна политика
-
Демократија, владеење на правото и добро управување
-
Еднаквост и вклученост
-
Младинска политика и граѓанско учество
Структура на програмата
Политичката академија ќе се реализира преку три модули и завршен настан:
-
Модул 1 (17–19 април 2026)
Вовед во социјалдемократијата: историја, принципи и современи политики. -
Модул 2 (15–17 мај 2026)
Запознавање со тематските области, анализа на јавни политики и избор на теми за работа. -
Модул 3 (јуни 2026)
Меѓународен модул (Тирана, Албанија) посветен на изработка на документи за јавни политики со поддршка од експерти. -
Завршен настан – септември 2026
Конференција на која ќе бидат презентирани изработените предлози за политики.
Временска рамка за аплицирање
-
Краен рок за пријавување: 27 март 2026
-
Интервјуа: 30 март – 3 април 2026
-
Известување за селекција: до 6 април 2026
Како да се пријавите
Заинтересираните кандидати можат да се пријават преку следниот формулар:
Контакт