Прогрес – Институт за социјална демократија и Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија во Скопје распишуваат конкурс за учество на Школа за женски активизам, која има за цел да ги зајакне капацитетите на учесничките кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и активно работат на создавање поправедно, попрогресивно и поинклузивно општество.

На Школата за женски активизам учесничките ќе имаат можност:
– Да стекнат знаења за социјалдемократските вредности и родовата еднаквост;
– Да се обучат за циклуост на креирање јавни политики, застапување и градење коалиции;
– Да развијат вештини за препознавање и справување со антиродови движења;
– Да научат како да развијат иницијативи за решавање на проблеми кои ги засегаат жените, на локално ниво;
– Да добијат практични вештини за застапување, политичка комуникација и јавен настап;
– Да се вмрежат со активист(к)и и експерт(ки)и од различни области.

Структура на програмата:
Модул 1: 15 – 16 март, 2025 година

  • Основи на социјалдемократијата, родовата еднаквост и процесот на креирање јавни политики;
  • Анализа на реални примери на родовите проблеми во областите на економија;
  • Здравство, образование, социјална заштита, инфраструктура;
  • Мапирање на клучни локални проблеми и идентификација на потенцијални сојузници во процесот на креирање и предлагање решенија;

Модул 2: 26 – 27 април, 2025 година

  • Дефинирање на локални проблеми кои ги засегаат жените;
  • Анализа на причини и последици на идентификуваните проблемите;
  • Развој на конкретни решенија преку процес на консултации и истражување на добри практики.

Модул 3: 24 – 25 мај, 2025 година

  • Вештини за политичка комуникација;
  • Процеси на формално и неформално застапување;
  • Развивање на стратегии за политичка комуникација на локално и централно ниво;
  • Поднесување и застапување на решенија преку институционални процедури.

Модул 4: 14 – 15 јуни, 2025 година

  • Комуникациски вештини и јавен настап;
  • Вежби за јавен говор и интервју;
  • Употреба на традиционални и нови медиуми во процесот на застапување;
  • Изработка на комуникациска стратегија и кампања.

Кој може да се пријави?

  • Учеснички кои сакаат да бидат дел од локални иницијативи за родова еднаквост;
  • Учеснички од различни професионални и културни позадини кои сакаат да придонесат кон промени на локално ниво;
  • Учеснички кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и сакаат да учествуваат во креирање и застапување на политики за унапредување на родовата еднаквост.

Како да се пријавите?
На Школата за женски активизам, учесничките можат да се пријават со пополнување на куса пријава за учество на платформата Google Form и прикачување на кратка биографија и мотивациско писмо (до 300 зборови) во кое ќе наведат зошто сакаат да бидат дел од оваа Школа и кои се нивните очекувања.

Рок за пријавување: 1 март 2025 година
ЛИНК ЗА ПРИЈАВА