Прогрес Институтот за социјална демократија, во партнерство со Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) и со поддршка од Фондацијата „Макс ван дер Штул“ од Холандија, со гордост го најавува 18-тиот Летен камп „Трајче Нешковски“, кој ќе се одржи од 14 до 17 август 2025 година во Охрид.
👉 Мотото на овогодинешниот камп е: „Камп на почетоци, другарство и идеали“
Летниот камп претставува динамична платформа за:
-
Неформално образование
-
Развој на лидерски вештини
-
Вмрежување на млади социјалдемократи
Со цел поттикнување на критичко размислување, младински активизам и учество во создавање на пофер и поправедно општество, кампот овозможува инспиративни средби и интеракција со млади луѓе од цела Македонија.
Сесиите ќе ги водат експерти и искусни обучувачи, а програмата ќе биде збогатена со интерактивни дискусии, тимски предизвици и простор за дружење.
👥 Кој може да аплицира?
-
Млади лица на возраст од 18 до 29 години
-
Членови/ки на СДСМ и СДММ
-
Млади кои споделуваат социјалдемократски вредности, вклучително и оние кои досега не учествувале на летни кампови.
📩 Како да се пријавите?
Пополнете го формуларот на следниот ЛИНК
🗓 Краен рок за аплицирање: 24 јуни 2025
❗ Апликации кои ќе пристигнат по крајниот рок или не се комплетни нема да бидат разгледани.
✅ Процес на селекција
Селекциската комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе ги извести избраните кандидати најдоцна до 15 јули 2025 година.
✨ Не ја пропуштај оваа шанса!
Биди дел од заедницата која учи, соработува и гради подобро утре!
Аплицирај веднаш и приклучи се на генерацијата на млади лидери што ја обликува иднината.
За дополнителни информации, обрати се кај твојот локален клуб на СДММ или пиши ни на:
📧 contact@progres.org.mk
Контакт