Во соработка со Социјалдемократската партија на Данска (СДП Данска), Прогрес Институтот распишува ОГЛАС за ментори во рамките на менторска програма за развој и застапување на јавни политики.

Цел на програмата:
Оваа програма има за цел зајакнување на капацитетите на младите за креирање и застапување на јавни политики во рамките на партијата.

Што нуди програмата?

  • Индивидуални и групни менторски сесии;
  • Обуки за креирање на документи за јавни политики;
  • Обука за застапување на креираните јавни политики.

Улогата на менторите:
Менторите ќе работат на поддршка и насочување на учесниците во развојот и застапувањето на јавни политики, фокусирајќи се на следниве области:
🌿 Заштита на животната средина
😊 Социоекономска положба на младите
🙋🏻‍♀️🙋🏻‍♂️ Родова еднаквост
👨🏻‍💻 Дигитализација
📚 Образование

Услови за учество како ментор:

  • Професионално искуство и експертско знаење во некоја од наведените области;
  • Интерес и мотивација за менторирање на млади социјалдемократи;
  • Спремност за поддршка на младите прогресивни политички активисти во нивниот развој.

Како да аплицирате?

➡️ Рок за аплицирање: До 17 јануари 2025 година
➡️ Потребни документи:

  1. Кратка биографија (CV) со податоци за контакт и професионални постигнувања;
  2. Мотивациско писмо со објаснување на интересот за менторска работа, искуство во областа и очекувањата од проектот.

Известување: Избраните ментори ќе бидат известени по електронска пошта до крајот на јануари 2025 година.

ℹ️ Повеќе информации:

Придружете ни се во создавањето силни и прогресивни јавни политики!