К О Н К У Р С за учесници на првиот Форум за јавни политики во 2016 г.

Прогрес - Институт за социјална демократија
во соработка со Фондација Фридрих Еберт - Скопје
распишуваат
К О Н К У Р С
за учесници на првиот Форум за јавни политики во 2016 г.
(деветта Политичка академија за социјална демократија)
Првиот Форум за јавни политики е продолжение на долгогодишниот образовен проект Политичка академија за социјална демократија. Основна цел на Форумот е да обезбеди платформа за развој и промоција на јавни политики во различни општествени сфери во духот на вредностите на социјалната демократија.
Форумот за јавни политики ќе им овозможи на учесниците експертска подршка, емпириски податоци и практични искуства за развој на јавна политика во определена област преку континуиран дијалог со сите релевантни и засегнати општествени чинители.
Првиот Форум за јавни политики ќе се фокусира на образовните политики во сите степени на образование и ќе понуди целосни и кохерентни решенија.