ПОВИК за учесници на Политичката Академија за Социјална Демократија 2023

Објавено на 2023-04-18 10:39:53

Политичката академија за социјална демократија е проект за политичка едукација, дизајниран како академски курс и тренинг, организиран од Прогрес Институтот за Социјална Демократија, поддржан од Меѓународниот Центар „Олоф Палме“ и Фондацијата „Калеви Сорса„. Главна цел на Академијата е да едуцира и тренира млади лица коишто ги споделуваат социјалдемократските вредности и коишто со своите секојдневни активности и однесување влијаат, го обликуваат и придонесуваат кон политичкиот живот во Северна Македонија.

 

Политичката академија ќе им овозможи на учесниците теоретско знаење, но и практични вештини во областа на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија, креирањето јавни политики, политичката комуникација, односи со јавноста и јавен говор, човековите права, родовата еднаквост, заштита на животната средина и др. Овие цели ќе се реализираат во рамките на три циклуси, тридневни викенд семинари со модули од горенаведените области. 

 

Учесниците на академијата ќе се стекнат и со вештини за пишување на документи за јавни политики, а најдобрите ќе бидат наградени со студиска посета во Брисел, каде ќе имаат можност директно да се запознаат со начинот на кој европските социјалдемократи ги креираат јавните политики за Европската Унија.

 

Услови за учество на Политичката Академија за Социјална Демократија 2023:                                                   

 

Кандидатите за учесници на Политичката академија за социјална демократија треба да ги исполнуваат следните услови:

 

1. Да се државјани на Република Северна Македонија;

2. Да се на возраст од 20 до 35 години;

3. Да се активни или сакаат да бидат активни во општествениот и политичкиот живот на Северна Македонија;

4. Да ги споделуваат социјалдемократските политички, економски, социјални и општествени вредности;

5. Да имаат основно знаење од општествените науки и терминологија;

6. Да имаат активно познавање на англискиот јазик;

7. Да се подготвени да присуствуваат на трите Циклуси на Академијата; и

8. Да имаат валидна патна исправа и да се подготвени да патуваат на студиска посета во Брисел доколку бидат селектирани.

 

Потребни документи за учество на Политичката Академија за Социјална Демократија 2023:

 

- Кратка биографија (CV) со наведени контакт -податоци

- Писмо за мотивација за учество на Политичката академија за социјална демократија.

 

Селекцијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза кандидатите ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го и академското и неформалното образование, работното искуство и практика) наведени во биографијата и писмото за мотивација, како и етничката, религиозната, половата, регионалната и социјалната разноликост во Северна Македонија. Сите пријавени кандидати ќе бидат известени за резултатите од селекцијата, најдоцна, до 03.05.2023 год, по електронска пошта.

Кандидатите кои ќе се квалификуваат ќе бидат повикани на интервју на 05 и 06 Мај, 2023 година. Сите интервјуирани кандидати ќе бидат известени за резултатите од финалната селекција, најдоцна до 07.05.2023 год по електронска пошта.

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ:

Апликациите за учество на Политичката Академија за Социјална Демократија и потребните документи треба да се поднесат НАЈДОЦНА до 02.05.2023 година нa е-маил: contact@progres.org.mk

 

НЕПОТПОЛНИТЕ И НЕЦЕЛОСНИ АПЛИКАЦИИ НЕМА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВААТ

Архива