„Демократија, владеење на правото и слобода на медиумите – клучни критериуми во напредокот кон Европската унија“

14 февруари 2014, 9.30-12.30 – Сала Милениум 2, ХХолидеј Ин, Скопје
„Демократија, владеење на правото и слобода на медиумите – клучни критериуми во напредокот кон Европската унија“
Прогрес – Институт за социјална демократија со задоволство информира дека Групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент својот редовен годишен состанок со социјалдемократските и социјалистичките лидери од Западниот Балкан ќе го одржи во Скопје, 13-14 февруари 2014 година. Дводневниот настан е само уште еден во низата повеќегодишни залагања на европратениците одГрупата на социјалисти и демократи за зајакнување на врските помеѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати од Западниот Балкан и Европската унија.
По затворената сесија на учесниците на првиот ден на настанот, на 14 февруари 2014 година (петок) ќе се одржи конференција каде ќе се дискутираат прашањата и предизвиците исправени пред земјите од Западниот Балкан во нивната интеграција во ЕУ. Драматичните настани кои ја прекроија мапата и политичката реалност на регионот во последнатадекада од минатиот милениум, како и последните случувања и тековните разговори за напредокот на регионот кон ЕУ се дополнителен показател за потребата од дебата, проценка и разработка на соодветни политички инструменти во процесот на пристапување, но и нивните импликации за ЕУ, земјите членки како и земјите кандидати.
На конференцијата, меѓу другите, свое учество ќе земат и Либор Роучек, потпретседател на Групата на социјалисти и демократи во ЕП, Ричард Ховит, известител за Република Македонија во Европскиот парламент, Кинга Гонч, европратеник од Групата на социјалисти и демократи и поранешен министер за надворешни работи на Унгарија, Кнут Флекенштајн, европратеник од Германија , Аиво Орав, шеф на делегацијатана Европската унија во Скопје, како и високи претставници на социјалдемократските и социјалистичките партии од Западниот Балкан.